Категории

1.200 милионери и милијардери откриваат што ги учат своите деца за парите и богатството

Постојат одредени причини зошто некои луѓе се богати. Тоа не се случува ненадејно. Доколку сакате вашите деца да бидат богати, мора да ги научите да размислуваат така.

Во спроведеното интервју на повеќе од 1.200 милионери и милијардери во изминативе 30 години, откриени се основните правила и насоки за финансиски успех кои децата ги добиваат од своите богати родители.

1. Успехот не е бесплатен

Потребна е многу напорна работа за да станете успешен. Да се биде финансиски независен не е прошетка во паркот, всушност, нема ни да имате многу време за релаксација. Ако сакате да бидете богати, мора да бидете подготвени да го жртвувате своето време и енергија со цел да изградите нешто големо.

2. Збогатете се преку решавање на проблеми

Оние кои заработуваат најмногу, свесни се дека најголемиот дел од финансиите доаѓаат преку идеите и решавањето на одредени проблеми. „Доколку сакате да бидете богат, решете некој проблем“, пишува Сиболд. „Доколку сакате да бидете многу богат, решете поголем проблем“.

Хенри Форд кој е сопственик на едно од најголемите богатства, изјавил: Доколку решавате големи проблеми, ќе добиете голема награда, доколку решавате мали проблеми и наградата ќе биде мала.

3. Очекувајте да успеете

Најголемиот дел од реализираните луѓе очекувале дека ќе успеат да се збогатат. Најбогатите луѓе имаат високи очекувања. „Речиси секој богат човек кого го интервјуирав во изминативе 30 години, ми кажа дека очекувал и верувал дека ќе биде богат еден ден“, објаснува Сиболд.

4. Опкружете се со успешни луѓе

Вашето опкружување има големо влијание врз вас. За да станете богат, мора тоа да го научите од богати луѓе. Богатите луѓе ги учат своите деца да бидат опкружени со успешни луѓе, да учат од нив читајќи ги нивните книги, присуствувајќи на нивните нстани, донирајќи во нивните фондации.

5. Вљубете се во својата работа

Работата влијае врз секој аспект од живеењето, одзема голем дел од вашето секојдневие, затоа треба да ја изберете кариерата внимателно. Како што вели Сиболд: „Навистина е тешко да го инвестирате своето време и енергија на професија која ви предизвикува досада или која е малку платена. Одењето на работа секое утро со чувство на возбуда е формулата за финансиска успешност, емоционална исполнетост и животно задоволство“.

6. Парите ги решаваат повеќето проблеми

Богатите ја разбираат вредноста на парите. Тие сфаќаат дека парите нема да те направат среќен, но исто така знат дек парите ги решаваат поголемиот дел од проблемите. „Направете пари решавајќи проблеми и ќе бидете доволно богати да ги решите своите проблеми“.

7. Инвестирајте

Богатите луѓе најпрво инвестираат, а потоа трошат. Ги инвестираат своите пари денес, а да имаат повеќе утре.

8. Трошете паметно

Богатите луѓе ги учат своите деца да не претеруваат со трошење пари на непотребни работи. Без разлика колкаво е вашето богатство, нема да станете побогат освен ако не воведете дисциплина во вашите трошоци. Прекумерното трошење може да ве уништи, што се покажало со многу богати луѓе кои за кратко време се доведуваат до банкрот.

9. Парите и можностите се неограничени

Богатите луѓе имаат уникатна врска со парите. Тие парите ги гледаат во изобилие, додека останатите луѓе на парите гледаат како нешто што секогаш недостасува. Всушност, доколку заработувањето доаѓа од решавањето на проблемите, а бројот на проблеми е бесконечен, тогаш и можноста за заработка на пари е бесконечна.

10. Изберете го просперитетот пред забавата

Една од најголемите разлики помеѓу богатите луѓе и останатите е планирањет на времето. Повеќето од нас само го трошат своето време, додека богатите го инвестираат. Доколку изберете да го трошите своето време само на забава, ќе се борите со финансиите целиот ваш живот. Инвестирајте го вашето време за решавање на проблеми на луѓето и никогаш нема да се грижите како ќе ги платите своите сметки.