Категории

5 интересни факти за клиторисот кои можеби не сте ги знаеле

Клиторис, женскиот орган на страста, на жените им предизвикува многу задоволство и забава. А тоа е сосема доволна причина да го проучиме малку повеќе. Затоа, ви претставуваме пет интересни факти за него…

1. Предизвикува задоволство

Клиторисот служи единствено и само за предизвикување задоволство кај жената. Тоа е единствениот човечки орган кој служи само за таа цел. За среќа – бидејќи не можат сите жени да доживеат оргазам исклучиво преку пенетрација.

2. Ни оди на нерви – но, на добар начин

На клиторисот се наоѓаат повеќе од 8 000 нервни завршетоци – два пати повеќе отколку на главичката на пенисот. Тоа јасно објаснува зошто е толку чувствителен.

3. Директно е поврзан со мозокот

Преку многу нервни завршетоци, клиторисот е поврзан со нашиот мозок. Па така, доколку имате еротски мисли во главата тоа ќе се почувствува и на него, како и обратно. Ако ве мачат „тешки“ мисли, потешко ќе се опуштите и возбудите.

4. Поголем е отколку што ви изгледа

Клиторисот е многу поголем од она што може да го видите. Неговото ткиво достигнува и до 9 цм во телото. Најновите истражувања тврдат дека завршетокот на клиторисот е таинствената Г-точка.

5. Тој расте и расте

Поради хормоналните промени, клиторисот расте и по пубертетот. По менопаузата може да биде два пати поголем од тоа што бил во тинејџерските години. Меѓутоа, со тоа нема да ја изгуби чувствителноста!