Велигденската корпа во која може да ги ставите декорираните исфарбани јајца, сигурно ќе стане хит на вашата празнична трпеза. Се прави на едноставен начин, затоа обидете се и покажете ја својата креативност!
За оваа корпа потребна ви е една кеса прстенести макарони, макарони во облик на школка, црвен лак за нокти, бел лепак, фарба во спреј и еден балон. Откако ќе го надувате балонот, исцртајте на него отвор, произволна големина. Потоа, макароните во облик на прстен ставете ги во белиот лепак, па нанесувајте ги една по една на балонот. Откако ќе ги залепите околу целиот балон, оставете лепакот да се исуши. Потоа пробушете го балонот и восхитувајте и се на корпата во облик на јајце!
Со фарбата во спреј подоцна обојте ја корпата. Макароните во облик на школки исфарбајте ги со лакот за нокти и залепете ги како украси.