Категории

Победете го пролетниот замор на овие начини!

Нашето тело во текот на пролетта се прилагодува на новите услови, а промените најмногу ги чувствуваат хронично болните и метеопатите. Тие промени најчесто се нарекуваат пролетен замор, чии симптоми не се опасни, но потребно е да се обрне внимание.

Симптомите се манифестираат преку замор, кој трае со денови и не поминува ни со одмор ниту пак преку спиење, а чести се и психичките промени како немањето волја за ништо.

Ова е период кога треба да направите контрола на крвната слика, затоа што исхраната во текот на зимата најчесто е неправилна, богата со масти и јаглехидрати, па може да дојде до зголемување на триглицеридите и анемијата.

Освен тоа, особено е значајна физичката активност, а за да го подготвите организмот и телото за летото, доволно е 30 минути брзо одење во секојдневните прошетки. Пролетта е вистински период за чистење на телото, како и внесување на многу течности и овошје.

Умереноста и разновидноста се клучни фактори кои помагаат и при исхраната и за физичката активност. Важно е да внесувате големо количество на витамини кои можете да ги најдете во храната од нашето поднебје, како ротквици, зелена салата, млад компир… Освен храната, значајно е да внесувате околу 2 литра вода дневно.

Прегледи:
376
Објавено на:
06.04.2018