Документарецот „Зелената планета на кралицата“ во кој кралицата Елизабета открила интересни детали за животот во кралската палата, всушност говори за начинот на кој можеме да ја заштитиме околината, а во него се појавува и Анџелина Џоли која е исто така голем поборник на оваа тема.
Екипата ја снимила Џоли додека патролирала со мал авион над пустината. Имено, управувањето со авион е една од омилените пасии на Анџелина, а нејзините фанови не можат да се изначудат колку добро се справува со тоа.
https://www.youtube.com/watch?v=jMWN6EPp-B8
Актерката има пилотска дозвола уште од 2004 година, но гледачите на социјалните мрежи сепак се шокирани колку лесно го прави тоа. „Постои ли нешто што оваа жена не знае да прави?“, некои од нив се запрашале.