Категории

Неверојатно: Го добиле 14-тиот син по ред и му дале совршено име!

Катери и Џеј Швандт од Мичиген (САД) имаа 13 синови. Неодамна дојде нивното 14-то дете на свет- се разбира, повторно син! За него двојката смисли многу посебно име …

Новопечените родители го крстиле детето по име Finlay Sheboygan. Хм, да , Sheboygan, името е малку чудно, нели? Потеклото на името Sheboygan доаѓа од  стара приказна за индиски поглаватар. Имено племенскиот лидер имал безброј синови, а последниот пат бил сигурен дека ќе му се роди девојче. Сепак, поглаватарот повторно добил момче! Тој му го дал името „Sheboygan” – кое во превод всушност е „Таа е повторно момче” (скратено од „She is a boy again“).

Најстариот син има 20 години, а на прашањето дали сакаат уште деца, родителите одговориле со -Не, никако!      Наводно тоа го велеле по секој роден син.

 

Прегледи:
356
Објавено на:
02.05.2018