Тексас здолништето е дефинитивно омиленото летно парче облека на сите трендсетерки, а овие комбинации се вистински погодок. Мини здолништето од темен, светол или пак, црн или бел тексас, се едни од најпопуларните парчиња облека.
Освен што можеме да ги носиме во потполно опуштени варијанти, тоа е парче облека кое многу лесно се трансформира. Па така, одговара со сако, бела кошула, балетанки.
Особено се модерни тексас моделите со висок струк, пресечени малку над колена кои се неподрабени, па се до ултракратките модели со скинати делови или везени мотиви, а како најпопуларни се истакнуваат здолништата коои ги красат копчиња низ целата должина.