Особено ќе ве импресионира трикот со блендер. Очигледно со години сме го користеле погрешно.
Дамки на лакирани чевли
Дамките на лакираните чевли, особено на оние со посветли бои не е никакво изненадување. Постојат посебни четки и сунѓери кои можат да ви помогнат да ги исчистите. Меѓутоа, постои многу едноставен трик. Во оваа неволја ќе ви помогне чаша обична вода во која треба да додадете 1 лажичка осет. Со оваа мешавина избришете ги извалканите чевли.
Вратете ја белината на долниот веш
Белите алишта секогаш мораат да бидат темелно испрани за да се отстранат дамките и да се врати белината. Но, постои едноставна опција која ќе ви помогне сивите алишта повторно да станат бели – во прашокот за перење веш додадете неколку таблети аспирин.
Цвеќињата да цветаат почесто
За да цвета вашето цвеќе почесто, а цветовите да бидат убави, неопходно е да се заливаат билките со разладена вода, во која претходно се вареле тестенини или компир.
Непријатни мириси
За да се ослободите од непријатниот мирис во фрижидерот ќе ви помогнат неколку кесички чај кој е веќе искористен. Само ставете ги во фрижидер.
Како да ги миксирате намирниците во блендер без грутки
За да бидт сите состојки рамномерно промешани, во блендерот најпрво морате да ја ставите течноста, а потоа да ги додадете другите намирници. Потоа се фрмира хомогена смеса без грутки.