Фустаните со боја на кожа ги преплавија модните писти и црвените теписи. Сега дојде ред на еден нов тренд – „nude“ бикини и костими за капење во боја на кожа кои се претопуваат на вашето тело и делува како да не носите ништо. Смело, дрско, откачено?
Новиот мега тренд можеби звучи застрашувачки, но всушност е навистина прекрасен. Иако повеќето костими кои се во тренд оваа сезона и самите по себе се доволно „naked“, сега постои и тренд кој се нарекува „naked bikini“.
„Naked bikini“ се всушност бикини во боја на кожа. Се чини дека ваквите модели уште повеќе ја нагласуваат линијата на телото и го прават да изгледа позатегнато, сексипилно и привлечно.