Овој сладолед е совршен за разладување во топлите летни денови, а можете да го подготвите на многу едноставен начин.
Состојки:
- 1 чаша слатка павлака
- 500 гр шеќер
- 500 гр јагоди
Начин на подготовка:
Во половина литар вода, ставете шеќер и варете додека не добиете редок сируп. Измијте ги јагодите, исчистете ги, испасирајте ги и зимешајте ги со павлаката. Смесата истурете ја во оладениот сируп, измешајте и префрлете ја во соодветен сад и ставете ја во замрзнувач. Кога ќе се зацврсти, извадете ја и добро изматете со миксерот, па повторно вратете ја во фрижидерот за да се замрзне. Оваа постапка повторете ја уште еднаш пред послужување на сладоледот.