Категории

Работното место на луѓето е дом за овие мачки

Мачки на работа е серијал на фотографката Marianna Zampieri  во кој таа ги документира животите на мачките во местата кои се работно место за луѓето. 

Надвор од вообичаениот дом, тие се сепак миленици кои се обожувани, а се постојано околу луѓето, посматрајќи ги додека работат или немирно играјќи си наоколу.

Целта на фотографката е преку црно бели фотографии да ги претстави овие животни и нивната моќ да се приспособат и да ја присвојат секоја територија. „Секогаш се обидувам да ја уловам убавината на врската меѓу луѓето и мачките и да го претставам големото достоинство и неверојатната приспособливот на овие животни во секоја ситуација“ вели таа.

Никогаш не знаеш што да очекуваш од нив и тие никогаш нема да го прават тоа што ти го сакаш, но тие се топли суштества што умеат многу лесно да ти влезат во срцето. Ова се тие…

…во салон…

дизајнерско студио

во библиотеките…

и во музичко студио…

работилница…

…било каде љубовта е секаде иста.

Прегледи:
538
Објавено на:
01.07.2018