Категории

Каква долна облека избираат хороскопските знаци?

Ретки се жените кои не сакаат секси долна облека, но зависи кој како го доживува сексапилот. За Лавиците тоа е корсет, жените Близнаци сакаат модерно, а Јарците елегантно.

ОВЕН

Жената родена во овој зна сексот го доживува повеќе преку страст, а помалку преку романтика – сака доминација и зборување во креветот… Во склад со тоа ја избира и долната облека која има провокативен тон. Црвената и е омилена боја, го избира она што ги нагласува нејзините адути и навистина ќе се потруди да изгледа заводливо. Таа најмногу се возбудува ога се чувствува посакувано.

БИК

Жените родени во овој знак во сексот се насочени на уживањето, но до него сакаат да дојдат нежно и сензуално. Токму таков е и нивниот избор за долна облека –  деликатна, во нежни бои. Сакаат розови нијанси, сакаат шампањ, чипка, машнички… Се возбудуваат кога партнерот им ги грицка ушите и при нежни невини допири.

БЛИЗНАЦИ

Жените родени во овој знак во сексот се спонтани и прилагодливи –  ако ги возбудува партнерот, секоја ситуација може да им биде секси. Сакаат модерна долна облека со едноставни кроеви, металик и зелена боја. Се возбудуваат со маажа и сензуални допири по нозете.

РАК

Жените родени во овој знак однадвор можеби не изгледаат толку сексуално настроени, но причината за тоа што го прикриваат своето глемо либидо. Од нив можете да очекувате разновидна долна облека, многу танги, цветни дезени, живи бои… Се возбудуваат од бакнежи по градите и општо допири по градите, рамениците и вратот.

ЛАВ

Жените родени во овој знак не мораат да се трудат многу за да бидат заводливи – тоа нив им доаѓа природно. Сакаат разни игри и најразлични пози. Од долна облека преферираат корсети кои ја нагласуват заводничката во нив, а како и Овните патат за црвената боја и различни комбинации со црна чипка.

ДЕВИЦА

Жените родени во знакот на Девица по правило изгледаат многу средено, но потсвесно сакаат валкани игри и секс. Тоа го покажуваат и во изборот на долна облека. Попрво ќе изберат боксерки отколку танга, но ќе ги зачинат работите избирајќи ги оние со чипка. Им прилегаат сите бои, но најмногу чистата бела. Се возбудуваат од допири по струкот и колениците.

ВАГА

Жените родени во овој знак многу внимаваат во изборот на долна облека, а меѓу неа може да се пронајде се. Сепак, најубаво се чувствуваат во чипка, која им дава доза елеганција и театралност. Во сексот сакаат кога мажот доминира, а не поднесуваат рутина во позите. Се возбудуваат од допири по задникот и грбот.

СКОРПИЈА

Жените родени во овој знак можат да бидат резервирани во сексот, но со вистинскиот партнер не постои нешто што нема да направат. Свесни се за својата привлечност, а најубаво се чувствуваат во старомодна долна облека. Се возбудуваат од самата најава на сексот и оралниот вовед во тој чин.

СТРЕЛЕЦ

Жените родени во овој знак во сексот се како и во животот, многу непредвидливи. Расположени се за авантури, но она што им е најважно е да имаат несебичен љубовник. Тогаш тие го насочуваат сиот свој труд во заведување и одржување на сексот во текот на животот. Со задоволство ќе изберат прозирна долна облека со кожни додатоци. Се возбудуваат кога партнерот ги допира со поглед, а не по гениталиите.

ЈАРЕЦ

Жените родени во овој знак се вистинска енигма, често е тешко да се претпостави дали сакаат секс или не. Иако се резервирани на почетокот, нивните страсти бргу растат и стануват ненаситни. Максимално се трудат и секако се едни од подобрите љубовници во Зодијакот. Бираат вкусна, обична и скапа долна облека која делува елегантно. Се возбудуваат од француски бакнежи, како и оние на врат и уво.

ВОДОЛИЈА

Жените родени во овој знак навистина не се трудат да бидат секси, а тоа е она што најмногу ги привлекува мажите кај нив – делуваат како неосвоиви тврдини. Го сакаат сексот и тоа оној маратонскиот, имаат некои фетиши а и соодветни облеки за нив, но сепак најмногу уживаат во памучна бела или црна долна облека. Се возбудуваат од допири по нозете,  стапалата и главата.

РИБИ

Жените родени во овој знак се романтични души кои мечтаат за филмски бакнежи и зборови од сценарија. Сакаат да изгледаат секси, а при изборот на долна облека бираат push up градници, халтери и чорапи. Се возбудуваат од зборови – љубовни и страствени изјави во комбинација со масажа.