Категории

За убав почеток на денот: Пекарски кифли со јаболков оцет

Уживајте во вкусен појадок приготвувајќи ги овие кифлички на брз и едноставен начин.

Состојки:

  • 500 мл ладна вода
  • 1 коцка квасец
  • 4 супени лажици шеќер
  • 1/2 супени лажици сол
  • 1 кг брашно
  • 2 шолја зејтин
  • 2 супени лажици јаболков оцет

Начин на подготовка:

Во тенџере ставете 500 мл ладна вода, 4 лажици шеќер, 1/2 лажици сол и квасец да се растопи. Оставете да отстои 15 минути, а потоа додадете 2 лажици јаболков оцет и 2 шолји зејтин па замесете со брашно додека не добиете убаво тесто.

Оставете го тестото да нарасне 1 час и потоа поделете го на 24 топчиња и виткајте ги кифлите. Редете ги во плех и оставете ги да отстојат уште еден час, а потоа печете во рерна на температура од 220 степени додека не заруменат.

Време за подготовка: 120 минути