Категории

За првпат во Зоолошка градина Скопје пристигнуваат пингвини

Во 2019 година, сепак ќе се оствари планот на Зоолошка градина Скопје, за првпат да бидат донесени пингвини. Најавената атракција би требало да биде реализирана на пролет.

Скопјани долго време ги очекуваат пингвините, но минатата година изградбата на живеалиштето одеднаш беше стопирана, иако веќе одамна беше најавено доаѓањето на пингвините.

Директорот на Зоолошка градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски вели дека се надминати небулозните причини поради кои живеалиштето не било изградено на време:

„Живеалиштето е стопирано на половина од градбата. Причините се банални и не смееме да дозволиме она што го очекуваат децата и што  е ветено, да не го видат. Сепак, нашата цел е да направиме  европска зоолошка. Во соработка со градоначалникот на град Скопје и некои поголеми македонски компании ќе направиме напори, живеалиштето да биде готово до пролет“– соопштува Галетановски.

 

Прегледи:
981
Објавено на:
08.08.2018