Категории

Овие 4 хороскопски знаци се најпосакуваните и најдобрите љубовници во зодијакот

Дознајте на кои хороскопски знаци им припаѓаат најголемите заводници и најдобрите љубовници и како да ги заведете.

Рак

Како најемотивен и најчувствителен знак во зодијакот, на Ракот му е потребен нежен допир и длабока емоционална поврзаност со својот партнер. Ја цени грижата и ќе забележи ако правите добри дела за другите. Тие се посветени љубовници, а сексот со нив е одличен бидејќи уживаат во истражувањето… но ако ја изневерите нивната доверба, подготвени се за жестока освета.

Како да ги заведете?

Ракот најлесно ќе го заведете со романтично но, спонтано заведување во опуштена атмосфера. Ова посебно ќе им се допадне на девојките кои пленат со интелигенција и настапуваат искрено и без фолирање.

Скорпија

Ова е најсексуалниот од сите хороскопски знаци во зодијакот.  Скорпијата е склона кон манипулацијата и искористување на другите поради задоволување на своите монструозни сексуални апетити. Имаат хипнотичка привлечност и се одлични во кревет. Единствен проблем може да биденивната неспособност да ги додадат и емоциите во целата приказна.

Како да ги заведете?

Скорпиите се исклучително тешки за заведување, со обзир на тоа дека поради својот шарм и склоноста кон манипувација, навикнати се тие да бидат заводници. Сепак, имате големи шанси доколку вашиот „плен“ сака добро вино. На овој начин нивните граници се поместуваат. Сепак, треба постојано да внимавате што изговарате пред нив, бидејќи ако изговорите некоја глупост веднаш ќе ве отпишат.

Стрелец

По природа заигран и детинест, Стрелецот секогаш останува млад во срцето и отворен за експерименти во креветот. Поради ваквиот карактер, Стрелците се честопати страствени кон една личност, но набргу добиваат потреба за нова авантура. За оние кои сакаат кратка и забавна авантура, Стрелците се одличен избор, а оние кои сакаат врска можеби ќе ги сметаат за малку злобен знак.

Како да ги заведете?

Тие сакаат нежни допири по струкот, колковите и бутовите. Својот весел темперамент и смисла за хумор го забележуваат и кај другите. Ако сакате да освоите еден Стрелец, ви предложуваме да нападнете силно и ненадејно.

Риби

Овој хороскопски знак ќе ви пружи многу задоволства во физичка смисла. Рибите сакаат да угодуваат и најсреќни се кога се сите околу нив среќни. Кога ќе ја запознаат љубовта на својот живот, нема проблем кој нема да сакаат да го решат со „секс за примирје“.

Како да ги заведете?

Тие сакаат агресивен пристап и не сакаат да учествуваат во заводничките игри, така што треба да бидете одважни кога ќе им пријдете.