Стотици години наназад, печурките се една од најкористените намирници во исхраната во Азија. Освен поради својот уникатен вкус и можноста да се комбинираат со повеќе видови на оброци, кинеските печурки исто така содржат многу хранливи состојки, па поради тоа придобивките од нивната консумација се огромни.
Се прашувате која е моќта на овие печурки?
Црните и белите кинески печурки имаат антивирусни, антибактериски и антигабични својства. Тие исто така помагаат да се контролира нивото на шеќер во крвта, а одлични се и при намалувањето на воспалителни процеси во телото.
Тие содржат големо количество на витамини, а имаат голема улога во борбата против канцерогените клетки, при кардиоваскуларни заблувања, како и кај инфекциите.
Најголемиот благослов е да се грижите за своето здравје додека уживате во храната, па затоа со консумирањето на вкусните кинески печурки истовремено добивате двојно задоволство.
Кинеската кујна е далеку позната по квалитет на намирниците кои ги користи, а кај нас за среќа постои место кое автентично ја пренесува и ни го доловува вкусот на Азија.
Во Кинескиот ресторан „Ѕвезден океан“ може да ги вкусите кинеските печурки и уште многу други специјалитети кои се наоѓаат на нивното мени кое постојано се зголемува. Кинеската кујна кај нас е добро прифатена, а професионалните готвачи од „Ѕвезден океан“ се најголемите „виновници“ за тоа.
„Црните и белите кинески печурки, кои се познати како „ушите на дрвото“ поради тоа што растат на дрво, ги увезуваме директно од Кина во сува форма. Пред употреба се потопуваат во вода, а на овој начин омекнуваат и растат. Една шолја од овие печурки содржи само 80 калории, многу железо и витамин Б2.
Токму овие печурки кои се застапени во менито на ресторанот „Ѕвезден океан“, во Кина докторите препорачуваат да бидат дел од секојдневната исхрана поради огромните здравствени придобивки како и прочистувањето на крвта. Кинеските печурки се богати со целулоза и колаген, што помага телото да се ослободи од отровите“, велат професионалците од кинескиот ресторан.
Поради својата универзална употреба, во кинескиот ресторан „Ѕвезден океан“, печурките се употребуваат во најразлични јадења: Ладни салати, топли салати, супи, како и во главни специјалитети. Она што е особено интересно за овие печурки е тоа што немаат вкус, ни мирис, а вкусот го добиваат од сосот на самиот специјалитет.