Категории

Една година „DOGO” Скопје ја шири својата среќна приказна

Познатиот светски бренд, „DOGO“ вчера во Скопје го прослави својот прв роденден и заокружи една успешна година исполнета со многу позитивни критики од страна на своите клиенти и докажа како изгледа една успешна бизнис приказна лоцирана во центарот на Скопје.

Брендот „DOGO“, веќе една година шири среќа низ нашите улици. Самиот бренд со својата колоритност, предизвикува позитивни емоции. Со гордост можам да кажам дека сите наши клиенти уживаат во дезените на „DOGO“ и се соживуваат со брендот, изјави Антонија Брезовска – сопственичка на „DOGO“ Скопје.

Компанијата „DOGO“, кој во моментов брои над 5000 оригинални дизајни достапни во повеќе од 150 продавници низ светски метрополи како Берлин, Амстердам и Барселона,минатата година конечно ја отвора својата прва продавница и во Скопје, а истата можете да ја најдете во строгиот центар на улицата Максим Горки (во близина на Hotel Marriott). „DOGO“, чие мото е креирање на парчиња кои отскокнуваат од околината, е првиот бренд во светот кој нуди чевли и чан со испринтани оригинални дизајни.

Сите продукти кои „DOGO“ ги нуди се рачно изработени, целосно произведени од вегански материјали и со уникатен дизајн инспириран од различни градови, познати личности, музички текстови, миленичиња и четирите временски сезони. Иако главниот производ на „DOGO“ се чевли, во продавницата ќе може да најдете и широк избор на облека и модни додатоци за мажи, жени и деца.

Филозофијата на „DOGO“ е да им понуди на своите клиенти комбинација на свежи дизајни. Нивните рачно изработени продизводи им овозможуваат на оние кои се во потрага по необично и оригинално парче облека да се изразат себеси и својот креативен дух. Меѓу другото, брендот силно се залага и ги поддржува сите оние кои се залагаат за заштита на животните и за еколошки свесно производство. Со многу слатки и шеќерна волна за најмладите, „DOGO“ го прослави првиот роденден во Скопје.

Прегледи:
672
Објавено на:
10.09.2018