Категории

Дали знаете што наследуваме од мајката, а што од таткото?

За губењето на косата е „виновна“ мајката бидејќи мажите од неа го наследуваат генот кој е одговорен за ќелавост, додека оној ген кој предизвикува рак на дојка жените го наследуваат од таткото.

Јаболкото не паѓа далеку од стеблото, па така од родителите можеме да наследиме бројни физички особини, но и болести. Од секој родител собираме по две копии од секој ген, а мутацијата на одредени гени е главна причина за наследните болести.

Прв на пописот е високиот холестерол, кој во потполност можеме да му го препишеме на семејството. Еден на 500 луѓе имаат генетска мутација која е причина за семејна хиперхолестеролемија – наследна болест на срцето која може да биде причина за перан срцев или мозочен удар. Во овие случаи не помагаат дури ни ригорозните диети и вежби бидејќи гените го прават своето.

И додека двајцата родители можат да бидат криви за високиот холестерол, ракот на дојка се наследува од таткото. Имено, секој човек е роден со гените BRCA1 и BRCA2 кои не создаваат здравствени проблеми додека не се мутирани. Но, жените кои ја наследуваат мутацијата на еден или двата BRCA гени од страна на таткото, имаат поголем ризик од настанување на рак на дојка.

Доколку за губитокот на косата го обвинувате машкиот родител – се обраќате на погрешна адреса. Генот кој има клучна улога при ќелавоста се наоѓа во хромозомот Х, кој мажите секогаш го наследуваат од мајката, додека жените истиот ген го преземаат од двајцата родители.

Не сме поштедени ниту од психичките болести

Околу 10% изнесува веројатноста дека ќе ја наследите склоноста кон оболување од депресија, открива американскиот Институт за ментално здравје. Стручњаците објаснуваат дека депресијата е само една од психичките болести кои можат да се наследат, заедно со биполарното пореметување и шизофренијата.