Категории

5 причини зошто зимските свадби се вистинскиот избор

Популарноста на зимските венчавки е сѐ поголема, а декември се вбројува во трите месеци кога се одржуваат најмногу свадбени церемонии покрај мај и јуни. Додека многу вљубени парови ја отфрлаат идејата за зимска свадба поради температурата во пролетние и летни месеци, ги занемаруваат придобивките кои ги носи зимската свадба.


Со многу љубов и малку креативност, зимските месеци можат да ја претворат вашата свадба во вистинска зимска бајка. Сѐ што ви е потребно е место кое ги исполнува сите услови и во зима да ја почувствувате магијата на вашиот најважен ден во животот. Место кое се прилагодува за секаков вид на свеченост, во сите временски услови, надополнето со одличен амбиент, ентериер, храна и врвна услуга. Доколку сакате да ја почувствувате магијата на зимската свадба, закажете го својот термин во Центарот за свадби и свечености „Аликас“ и почувствувајте се како да сте дел од една зимска идила креирана само за вас.

Доколку сѐ уште се двоумите, во продолжение ви посочуваме 5 причини зошто треба да ја направите вашата свадба во зима.

Имате можност да ја изберете посакуваната дата, а не онаа која не е резервирана

Поради големата заинтересираност за свадба по пролетните и летни месеци, ретко кога младоженците можат да бираат дата, бидејќи се е резервирано однапред. Во зимските месеци пак, има повеќе слободни термини, а вие може да го изберете оној кој отсекогаш сте го посакувале во склад со целата празнична еуфорија која владее тој период од годината, а притоа во „Аликас“ добивате попуст од 2 евра на секоја порција.

Може да експериментирате со изборот на венчаница

За разлика од топлите месеци, кога изборот на видот на венчаница се намалува, во зима имате слобода да експериментирате со должината, ракавите, моделот, а можете да додадете и некој крзнен детал. Што и да одберете ќе биде соодветно и никако нема да изгледате премногу разголени или пак премногу облечени. Освен за вас лично, на овој начинн им правите услуга и на гостите, зголемувајќи го и нивниот избор на гардероба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Allikas wedding & event center (@allikas_skopje) on


Сончевата светлина е на ваша страна

Зимските утра имаат прекрасна природна светлина. Искористете ја да ги направите најубавите фотографии на вашиот специјален ден. Освен тоа, поради намалувањето на денот, имате можност да направите извонредни фотографии на зајдисонце во текот на церемонијата.

Совршена шминка и фризура

Жешкото време предизвикува потење, а тоа значи често поправање на шминката и фризурата бидејќи сите знаеме колку и е важно на секоја невеста да изгледа совршено на својата свадба. Овој проблем никогаш нема да го имате доколку ја направите својата свадба во зимските месеци.

Одличен тајминг за меден месец на некое егзотично место

Уште една голема причина зошто е одлично да правите зимска свадба е идејата за меден месец на некој егзотичен остров. Обезбедете си бегство од студеното време и одлетајте на топол и сончев остров, поминувајќи незаборавен меден месец со саканата личност.