Категории

Каква жена сте според месецот на раѓање?

Месецот на раѓање игра голема улога врз нашиот карактер, и тоа понекогаш многу повеќе од самите хороскопски знаци.

Јануари

Во овој месец се родени најтрпеливите и најиздржливи жени. Често, тие се надарени со машки и силен карактер. Тие гордо и самостојно ги решаваат сите свои проблеми. Жените родени во јануари не сакаат да чистат и да средуваат во домот, но тие се вистински божици во кујната.

Февруари

Февруарските жени се упорни, тврдоглави, но и чувствителни и одмаздољубиви. Тие имаат сложен карактер. Тие се нервираат за многу работи, но истовремено умеат и успешно да се контролираат себеси. Не се плашат од тешкотии, одлуките ги донесуваат брзо и не размислуваагт премногу. Одлично манипулираат со луѓето и често имаат успешна кариера. Овие жени обожаваат деца.

Март

Жените родени во овој месец се најчувствителните жени. Тие се многу чувствителни, но и ранливи. Често покажуваат тврдоглавост, што често оди на нивна штета. Умеат да бидат несигурни и да се сметаат за несреќни. На овие жени им е тешко да дојдат до успех, највеќе  заради нивната срамежливост. Природата им подарила кршливост и шарм и тие привлекуваат мажи заштитници.

Април

Април е месец на храбрите, упорни и мотивирани жени. Тие се многу рационални и практични. Секогаш знаат што сакаат, и полека го постигнуваат саканото. Овие жени не поднесуваат нестабилност. Емоциите и чувствата им се секогаш на прво место.

Мај

Во мај се родени самостојните и бескомпромисни жени. Тие не простуваат лесно никому, поради што често зажалуваат. Тие се тврдоглави жени лидери, бидејќи ним им е најлесно да ја заземат канцеларијата на шеф и тоа многу полесно отколку да најдат маж кој ќе ги сака и почитува. Нивниот приоритет се материјалните нешта.

Јуни

Јунските жени се многу претпазливи. Често се ранливи и несигурни, но притоа никогаш нема да бидат одмаздољубиви. Не сакаат конфликти, имаат одлична интуиција, која им помага да избегнат конфликти. Постапуваат според нивното расположение.

Јули

Во овој месец се раѓаат скромни и срамежливи жени. Тие често се грижат за другите и многу се занимаваат со самоанализа, поради што често се критични кон себе. Целиот живот им зависи од расположението. Скромни се и романтични, но со длабоки чувства, ама тоа никогаш не го покажуваат. Домот и семејството им значат најмногу.

Август

Најгордите и најнезависни жени се родени во овој летен месец. Тие се добри, племенити, но и моќни жени. Сакаат да бидат во центарот на вниманието, имаат силна харизма. Тие се многу искрени и пристојни жени, на кој најмногу им значи семејството.

Септември

Овие дами се темпераментни и емотивни. Од другите жени се разликуваат по својата пресметливост. Тешко се одвојуваат од парите и тешко враќаат долгови, но и не сакаат своите пари да ги даваат на друга личност. Сакаат да бидат во друштво, но секогаш тежнеат кон тоа да остварат сопствена корист. Многу се љубоморни, но и педантни, а знаат  и одлично да готват.

Октомври

Во октомври се раѓаат наједноставните жени. Тие се одговорни, комуникативни и остроумни. Жените родени во овој месец се великодушни и практични. Одлуките ги носат многу трезвено, имаат одлична меморија и се многу принципиелни, па тешко простуваат неверства и лаги. Секогаш се обидуваат да го зачуваат семејството, во кое им припаѓа лидерската позиција.

Ноември

Тие се многу пресметливи и себични жени. Имаат силен карактер, со уште посилна интуиција. Нивните партнери секогаш мораат да го прифатат нивното мислење за да бидат со нив.  Ноемвриските жени се страствени во љубовта и многу темпераментни. Тие знаат да сакаат длабоко и силно.

Декември

Декемвриските жени се емотивни, но со експлозивен карактер. Тие се упорни, бестрашни, независни и директни, и секогаш подготвени да ги преминат сите препреки. Многу се романтични, идеалистични и одлични пријателки.

Прегледи:
902
Објавено на:
12.10.2018