Црвените телефонски говорници во Лондон се прв пат претставени за населението во дваесеттите години од минатиот век, со цел најсиромашните да имаат пристап до телефон. Денес пак, се синоним за Лондон, но прашање на време е уште колку долго ќе биде така?
За жал, денес овие говорници речиси никому не му се потребни поради експанзијата на мобилната технологија, па поради тоа се во лоша состојба. За среќа, група граѓани на Лондон одлучиле да ги поправат.
– Токму поради тоа што говорниците се наш заштитен знак не смеат да бидат валкани и исшарани со графити на сликите кои не претставуваат ширум светот. Помислив, зошто да не ги исчистиме? Штом видов една во многу лоша состојба, се почувствував како да гледам постар роднина кој трпи болки – вели Емили која со своите пријатели ја започнале акцијата за чистење на говорниците.
За жал, можеби ни тоа нема да биде доволно за да се спасат. Освен тоа што сите имаат мобилни телефони, ширум Лондон има и улични телефони со пристап на интернет. Лесни се за користење и што е најважно, бесплатни се.
Некои од омилените стари говорници се ставени на продажба, а некои се претворени во библиотеки или изнајмени се за локалните продавачи.