Убаво е да ги сакате луѓето. Убаво е да ги помагате. Убаво е да имате изградено вистински и длабоки пријателства кои траат со години. Но, никому не давајте доживотна доверба.
Бидејќи, пријателите се само луѓе. А, луѓето лесно се расипуваат. Разочарувањата ќе ги избегнете ако секогаш имате на ум дека луѓето што веќе измамиле други луѓе, еден ден ќе ви го направат тоа и вам. Тие што еднаш украле, во поволен момент ќе се обидат и вас да ве искористат.
Насилните кон други луѓе, ќе бидат насилни и кон вас кога ситуацијата ќе наложи. Завидливите на туѓиот успех ќе ви завидуваат и вам, кога ќе почувствуваат дека сте поуспешен од нив. Неуспешните ќе сакаат да ве оневозможат во успехот, со цел да се почувствуваат помалку фрустрирано. Неодговорните ќе ве остават на цедило кога најмногу ви требаат. Додека глупавите и да сакаат да ви направат добро, ќе ве вовлечат во проблем поради сопствената глупавост.