Категории

Вештерски котел – растенија кои имаат магична моќ

Уште од древните времиња растенијата имале многу важна улога во лекувањето и заштитните ритуали. Секое растение има своја единствена моќ и енергија која обезбедува заштита од негативната енергија и болести.

Прочитајте нешто повеќе за растенијата кои, освен што имаат лековити својства, имаат и магична моќ.

ГРАВ служи за помирување, заштита, егзорцизам, воскресение. Симбол е на кружниот танц на вештерките кој означува бесмртност.  Црвениот грав се користи за среќа, а црниот за бркање на духови.

РЕПА се користи за љубовни магии, со црвената репа владее Сатурн, а со белата Јупитер.

КУПУС се користи во ритуали поврзани со плодноста, профитот, среќата, парите и магијата на месечината. Заштитничката планета му е Месечината.

КОПАР се користи за среќа и машка сексуална моќ, а се поврзува со планетата Марс.

МОРКОВ се користи во ритуали поврзани со страст и плодност, а се поврзува со Меркур.

ЦЕЛЕР  ја буди психичката енергија. Има најсилно делување во комбинација со камилица и рузмарин.

АНАСОН се користи за победа, елоквентност, добар вид, чистење и заштита. Симболизира победа, херојство, ласкање, сила, храброст. Во зодијакот се поврзува со Девицата.

РУЗМАРИН помага доколку сте емотивно повредени. Се верува дека ги смирува чувствата и дека ги лекува невидливите рани.

ЛУК ги елиминира сите непријатности и заштитува од зло. Затоа и постојат верувања дека заштитува од вампири и други зли сили. Во рурарните домаќинства честопати ќе видите бел лук како виси над ѕидот во кујната, што не е случајно.

МАЈЧИНА ДУШИЦА е поврзана со знаење и разбирање. Ако ја користите ќе ви помогне подобро да ги сфатите работите во вашиот живот.

ЦИМЕТ ќе ви помогне да ја пронајдете среќата. Потребно е само да додадете малку цимет во вашиот чај или во вашиот омилен десерт. Се верува дека стимулира интуиција, која може да ви помогне да внесете среќа во својот живот.