Кариера и пари:
Ноември може да биде многу амбициозен месец, но, од друга страна, може да биде и напнат. Марс ќе биде во вашата куќа на кариерата, во позиција која поттикнува силна мотивација за понатамошен успех на професионален план. Доколку планиравте да инвестирате во нешто, ова е вистинскиот месец, бидејќи вашата финансиска состојба ќе биде подобра од кога било.
Здравје:
Ве очекуваат стресни периоди со многу грижи, песимизам и меланхолични моменти, затоа, бидете подготвени. Одете на рутински преглед кај лекар.
Љубов:
Ѕвездите се чини дека нема да ви бидат наклонети овој месец кога станува збор за љубовта. Можно е да се соочите со препреки, страв и фрустрации. Оние кои се во врска, нека внимаваат, партнерот може да биде неверен. Кон крајот на месецот, оние кои не се во врска ќе ги очекува нешто ново и интересено.
Совет: Не гледајте ограничено на работите.
Кариера и пари:
На почетокот на ноември ќе имате можности да соработувате со важни личности. Поминувањето на Венера, Сонцето и Меркур низ вашиот знак ќе ви донесат успех и финансиски прилив во втората недела од овој месец.
Здравје:
Доколку имавте проблеми со здравјето во последните неколку недели, овој месец можете да се опуштите малку, бидејќи ве очекува подобрување на вашата здравствена состојба. Релаксирајте се во домашна атмосфера со најблиските.
Љубов:
Ноември за вас ќе биде прилично емоционален месец, но и многу важен од љубовен аспект. Венера ќе биде во вашиот знак сѐ до 16ти ноември, а Сонцето до 23ти ноември, додека пак, Меркур ќе биде во вашиот знак последните две недели. Тоа значи дека љубовта ќе ја барате во сите ќошиња и ќе се посветите на саканата личност. Кон крајот на месецот ве очекуваат настани на кои ќе треба да донесете важни одлуки.
Совет: Би било добро доколку не избрзувате во љубовните одлуки.
Кариера и пари:
Низ вашиот знак, овој месец ќе поминат повеќе планети, докажувајќи дека ова ќе биде месец на напнати активности. Можно е да се соочите со тешки задачи и „тешки“ луѓе. Вториот дел од месецот ќе биде многу повеќе релаксиран и да ви донесе успеси на професионален план. Што се однесува на финансиите, стрпете се од инвестирање.
Здравје:
Препорачливо е да се погрижите за вашето здравје, бидејќи овој месец е посебно критичен за вас. Кон крајот на месецот пазете се од сезонските настинки и грипови.
Љубов:
Доброто развивање на вашата моментална врска, или почетокот на некоја нова врска ќе зависат од вашиот начин на комуникација. Комуникацијата ќе ви биде оружје со кое ќе заведувате. Првата недела од овој месец сепак нема да биде добра колку што очекувате. Можна е караница со партнерот. Оние кои не се во врска, нека не очајуваат, наредниот месец ќе имаат повеќе среќа. :)
Совет: Бидете повеќе одговорни!
Кариера и пари:
Ноември ќе биде одличен месец за поттикнување на вашата креативност кога станува збор за кариерата. Ќе имате одлична можност да ја покажете вашата харизма и способност на работното место. Марс ќе биде во во вашиот знак, со што тимската работа и константниот успех се загарантирани.
Здравје:
Ќе зрачите со енергија и ќе бидете во добра форма. Шетањето и вежбањето ќе бидат вашите најдобри пријатели. И секако сексот! Сите овие активности ќе ви потрошат доста енергија и ќе ви помогнат да го отстраните стресот.
Љубов:
Подгответе се, следи месец полн со страсти! Сатурн, Сонцето, Венера и Меркур ќе бидат во вашата куќа на љубовта, па немојте да се изненадите доколку во љубовта сѐ ви оди онака како што сте замислиле. Ве очекуваат неколку состаноци со некоја личност која полека ќе стане секојдневие во вашиот живот.
Совет: Не чекајте, направете го првиот чекор!