Облеката што ја носиме секој ден понекогаш е повалкана отколку што изгледа, а понекогаш и не е. Решете ја дилемата колку често и кога треба да ја миете вашата облека.
Долна облека
Во никој случај не треба да ја носите истата долна облека повеќе од еден ден. Ова е прво и основно правило на хигиената и интимното здравје.
Фармерки
Доколку не се многу валкани, оптималната бројка на носење фармерки пред перење е 5 до 6 пати. Ако ги перете премногу често можат да ја изгубат бојата.
Маици
Овој дел од облеката третирајте го како долна облека. Маиците треба да ги перете после секое носење, бидејќи се во близок контакт со кожата и апсорбираат многу пот.
Фустани
Нема потреба да ги перете толку често, најдобро е после секое второ или трето носење, особено ако носите маица под нив.
Градник
За разлика од гаќите, градникот може да се носи 3-4 пати пред да се испере. Ова ги исклучува спортските градници кои треба да се исперат после секое носење.
Чорапи
Апсолутно и без исклучок, чорапите треба да се мијат после секоја употреба, бидејќи повеќето бактерии се акумулираат на нив.
Спортска облека
Треба да се измие после секој тренинг.
Пижами
Ако се туширате секоја вечер пред спиење, пижамите можете да ги носите до 4 пати.