Џепчето од внатрешната страна на гаќичките го има речиси на секој пар, а дали знаете зошто служи?
Имено, причината поради која ова парче ткаенина се зашива на внатрешната страна на гаќите е од хигиенски причини. Секогаш е направен од памук, а служи и како дополнителен заштитен слој во случај на евентуални непријатности, лачење секрет и слично.
Затоа, во иднина треба да обрнувате внимание секогаш да купувате гаќички во кои го има ова џепче, но и да бидат од чист памук.