Лагите кои се шират на социјалните мрежи можат да наштетат на секој од нас, па дури и на компаниите. Секогаш мора да се има на ум дека протокот на информациите кои се наоѓаат на Фејсбук се далеку побрзи од информациите кои можат да се пронајдат на традиционалните медиуми, а нивното влијание е поголемо, со оглед дека Фејсбук има неколку милијарди активни корисници.
За поставување на лажни информации на социјалните мрежи, за сега, никој не одговара, за разлика од весниците и сериозните портали. Дека сите социјални мрежи се погодни за поставување на лажни и непроверени информации, зборува фактот дека денес секој може да отвори профил на Фејсбук, под кое било име, а неретко се отвараат и лажни профили.
Затоа е важно да се заштитите од сомнителните профили и групи кои поставуваат невистинити и злонамерни информации. Секогаш треба да се информирате преку веродостојни и официјални извори.