Сигурни сме дека ќе ви се допадне овој преубав рецепт од бабината кујна.
Состојки:
- 400 гр посен кекс
- 250 гр маргарин
- 200 гр шеќер во прав
- 200 гр желе бонбони
- 6 банани
- 300 гр шлаг
- 200 гр овошје (киви)
Подготовка:
Кексот издробете го ситно. Кивите исчистете ги на коцки и додадете го кексот. Желето исто така исечкајте го на коцки како и бананите и тоа додадете го на кексот. Во кексот додадете и сок. Маргаринот измешајте го со шеќер во прав за да добиете пена.
Додадете го кексот и сето тоа измешајте го добро. Истурете го во послужавник и добро изедначете. Одозгора може да украсите со чоколадна глазура. Оставете да преноќи во фрижидер.