Цело семејство ќе ужива во оваа торта. За време на постите многумина се одрекуваат од своите омилени јадења, но некои не можат без колачи и слатки колку и да се трудат. Затоа, подгответе посна карамел торта со банани во која ќе ужива целото семејство.
Состојки:
- 260 гр посен кекс
- 200 гр посен маргарин
- 3 пудинзи од карамела
- 600 гр банани
- 600 мл сок од праска
- 200 гр шеќер
- 50 гр шеќер во прав
Подготовка:
Пудингот сварете го во сокот, по желба може и да го засладите да се олади со повремено мешање. Маргаринот изматете го со шеќерот во прав. Кога ќе се олади пудингот соединете го со маргаринот. Додавајте маргарин лажичка по лажичка и матете со миксерот. Кексот потопете го во жешкиот сок и редете го на послужавник. Одозгора ставете малку фил и израмнете, потоа сечени банани, па повторно фил… банани, фил, кекс.