Категории

Знаете ли зошто луѓето говорат во сон?

Во научниот речник, говорење во сон се нарекува сомнилоквија. Многу луѓе, 50% од децата и 5% од возрасните, говорат во сон. Но знаете ли зошто?

Кај некои луѓе ова може да биде предизвикано од стрес, болка, недостаток на сон, нерешени проблеми и сл. Ова е поврзано со РЕМ фазата. За време на брзото движење на очите (РЕМ) имаме најнезаборавни соништа, но говорење во сон, всушност, се случува во нон РЕМ фазата на спиење, кога нашето тело е делумно парализирано. Говорењето се случува за време на промената на фазата на спиењето.

Овој феномен е вообичаен кај децата, поради незрелоста на мозокот и недостатокот на сонот. Кога не сме во длабок сон, постои тесна граница помеѓу свеста и потсвеста. Во тоа време, мозокот минува низ страшни халуцинации, бидејќи подсвеста е сé уште активна. Говорење во сон не е штетно. Се јавува во форма на мрморење, долги разговори, агресивни разговори и сл. Агресивност или викање се забележува во ретки случаи.

Никој не може прецизно да одреди кои причини лежат зад говорење во сон, но за да се избегне истото, се препорачува избегнување на стрес, релаксација пред спиење и доволно количество на сон.

Прегледи:
675
Објавено на:
25.12.2018