Категории

За среќа се доволни дванаесет минути! Прочитајте зошто

За среќа е потребно малку. Поточно, 12 минути, велат експертите. Без оглед на вашиот зафатен распоред во текот на денот, секогаш можете да одвоите 12 минути за да бидете среќни.

12 минути сон

Кога чувствувате дека се уморни земете 12 минути пауза за краток одмор или дремка. Ова ќе ви помогне да го издржите крајот на работниот ден. Тоа е, исто така, здрав начин на борба против стрес. Некои компании имаат дури и посебна просторија во која вработените можат да одмараат. Научно е докажано дека паузите ја зголемуваат продуктивноста.

12 минути пешачење

Ако немате можност за попладневен одмор најдете време за кратка прошетка која ќе ви го подобри расположението. Ова е еден од најздравите начини за инстант среќа.

12 минути инспиративни цитати

Иако можеби делува чудно, читањето инспиративни цитати може да ве инспирира да бидете уште подобри, да се фатите за работа и да ги постигнете своите цели што побрзо.

12 минути забава

Животните можат да не научат многу за среќата. Одвоете 12 минути од вашето време и гледајте интересни и забавни видеа со животни.