Овие филмови сигурно ги сакате, а дали знаете дека токму тие се базирани врз основа на вистински настани? Животот пишува најдобри романи и создава филмски љубовни заплети.
The Theory of Everything (2014)
Филм за познатиот астрофизичар Стивен Хокинг и неговата љубов. Двајца луѓе поминуваат низ огромни проблеми со помош на љубовта. Филмот е заснован врз мемоарите на Џејн Хокинг „Патување со бесконечноста – Мојот живот со Стивен“.
Стивен на 21. година дознава дека боледува од болест на моторниот неурон која предизвикува лимитирани движења и говор и ќе му го одземе животот за две години. Неговата љубов од студентските денови не го напушта без обзир на околностите. И додека неговото тело се соочува со ограничувања, неговиот ум продолжува да ги истражува крајните граници на теориската физика.
Ова е преубава приказна за вистинската љубов за цел живот. Стивен и Џејн им прокосат на невозможните шанси и граници.
The Vow (2012)
Новопечениот брачен пар доживува сообраќајна несреќа во која млада жена завршува во кома. По будењето со сериозно губење на памтењето, нејзиниот маж се обидува повторно да го освои нејзиното срце.
Водејќи се по заветот „Додека смртта не нѐ раздели“ Лео ќе даде сѐ од себе да ја зачува жената која ја сака.
The Edge of Love (2008)
Оваа интересна приказна го истражува боемскиот подземен свет на Лондон во време на војна и сложените приказни на два пара чии животи и љубов се испреплетуваат.
“The Edge Of Love” е љубовна драма на Џон Мејбури за велшкиот поет Дилан Томас и неговиот љубовен триаголник.
Becoming Jane (2007)
Џејн Остин сакала да се омажи од љубов, но нејзините родители не се сложуваат. Тие се презафатени со барањето на соодветен маж за Џејн за да го осигураат нејзиниот социјален статус и сѐ она што доаѓа со него пари, влијание и моќ. Таа на 20 години се вљубува вво Том Лефрој.
Овој филм ја опишува љубовта на Џејн. Ова е приказна за љубовта, романтиката, интригите и должноста која ги опфаќа парите, семејството и пријателството.
The Notebook (2004)
Приказна за љубовта која трае цел живот, од младоста до последниот ден. Трогателна приказна за тоа како една љубов поминува низ различни искушенија како што се војната, болеста, љубомората…
Во текот на овој филм сигурно ќе заплачете, а со обзир на тоа дека се наоѓа на листата на љубовни филмови создадени по вистинскин настани, ќе можете да видите низ што сѐ мора да помине љубовта за да стане и остане силна и цврста.