Категории

Романтичен десерт: Крушки во вино со карамела! (РЕЦЕПТ)

Кога барате романтичен, а лесен десерт идеален за двајца, ви ги препорачуваме овие крушки со карамела. Одберете тврди круши за да го задржат обликот.

Состојки:

  • Две поголеми круши
  • 200 гр шеќер
  • 250 мл бело вино
  • 200 мл вода
  • екстракт од ванила
  • 50 мл слатка павлака

Подготовка:

Од шеќерот издвоите 150 гр и истурете ги во лонец заедно со виното, водата и екстарктот од ванила. Загрејте до вирење и шеќерот да се растопи. Излупете ги лушпите и пресечете им го дното за да стојат исправено.

Прекријте ги со течноста крушките, намалете ја температурата и крчкајте 40 минути. Не ги допирајте крушите за да не се оштетат.

Оставете ги крушите малку да се оладат, а во лонецот загрејте ги преостанатите 50 гр шеќер додека не потемни. Тргнете ги од шпоретот, додадете топла павлака, вратете на рингла и мешајте додека не добиете карамела сос. Сервирајте ги крушите додека се топли и прелијте ги со сосот од карамела.

Прегледи:
1009
Објавено на:
31.01.2019