Понекогаш забораваме дека и најголемите ѕвезди се борат со несигурности.
Мерил Стрип
Тешко е да се поверува дека некој одлучил да и бара маани на Мерил Стрип, но дури и оваа легендарна актерка која досега има добиено 21 номинација за наградата Оскар, на почетокот на кариерата наидувала на критики поради својот изглед.
Признала дека долго време размислувала дали да го оперира својот нос бидејќи токму тој најчесто бил мета на критиките до неа. Во неодамнешното интервју открила дека многу добро го разбира главниот лик на филмот „Ѕвездата е родена“, кој го глуми Лејди Гага, исто така се бори со несигурностите поради луѓето од музичката индустрија кои сметаат дека нејзиниот нос е преголем. Никогаш не попуштила под притисокот и не го оперирала носот.
Барбара Стрејсенд
Слично искуство имала и една музичка дива – Барбара Стрејсенд. И неа многумина ја советувале да го намали носот на почетокот на кариерата. Како и Мерил, и Барбара се борела со размислувањата дали треба да го направи тоа или не, но сепак на крај се одлучила да не оди под нож.
„Мојот нос е дел од моето наследство и кога веќе имав талент за пеење и глума, зошто тоа да не биде доволно?“, изјавила во една прилика. Опра Винфри признала дека операцијата не доаѓала во предвид и поради нејзиниот страв од болка, но и од конечниот резултат. Како можам да и верувам на естетиката на докторите? Како да знам дека нема премногу да ми го скрати?
„Го сакав мојот нос од одредени агли. И денес го сакам. Луѓето ми велеа дека може да ја тргнам само грпката од него, но јас им одговарав дека токму тоа го сакам на мојот нос. Денес ми е драго што не го оперирав носот.“
Дебра Месинг
Американската актерка Дебра Месинг не ни помислила на тоа дека нешто не е во ред со нејзиниот нос сѐ до снимањето на филмот “A Walk in the Clouds” 1995. година. „Дотогаш никогаш немав играно во филм. Снимав една љубовна сцена со Кијану Ривс. Камерата почна да снима, а режисерот во еден момент викна: „Стоп! Колку брзо може да ми донесете пластичен хирург. Нејзиниот нос го уништува мојот филм!“ Тоа ме шокираше.
„Бев полна со самодоверба по завршувањето на факултетот за глума. Студирав и во Лондон, бев во потполност опремена со различни актерски вештини, а потоа дојдов на сет и се случи ова. Мојот талент сведен на нехоливудски нос. Ми беа потребни години и години конечно да ги прифатам своите различности и да го засакам сето она што е поразлично на мене“.
„Во мојата индустрија и нашата култура постои многу ограничена дефиниција на убавина и тоа е она против кое се бориме постојано. Низ целата кариера се соочувам со туѓи размислувања за тоа како не изгледам добро.“
Софија Лорен
Софија Лорен дури и нејзиниот сопруг, режисерот Карло Понти, своевремено ја советувал да го намали својот нос, а со неговиот предлог се сложувале многумина во филмската индустрија.
Ми говореа дека носот ми е предолг и устата преголема. „Знаеш, камерманите велат дека носот ти е предолг. Можеби би требало малку да го средиш“, знаеше да ми каже Карло.
Јас му велев: „Слушај, не сакам ништо да менувам на своето лице бидејќи си го сакам своето лице.“ Во тоа време хирурзите ги правеа оние мали француски носеви со мал врв на крајот, многу го сакаа тоа. Можете ли воопшто да ме замислите со таков нос, изјавила Софија Лорен во интервјуто за Холивуд Репортер.
Сара Џесика Паркер
Сара Џесика Паркер не троши премногу време на контурирање, а исто така не се замарала со критиките кои ги добивала поради својот нос на почетокот на кариерата. Тоа биле нималку суптилни разговори.
„Ми спомнуваа сѐ, од предлози да ги искубам веѓите до тоа дека морам да го оперирам носот. Ништо од тоа не се задржа долго во мојот мозок“, кратко и јасно заклучила Сара.