Категории

Не си одете од луѓето кои се ранливи: Важни пораки од Лејди Гага за менталното здравје!

Не си одете од луѓето кога ќе видите дека некој е ранлив! Американската поп ѕвезда Лејди Гага одржала многу емотивен говор на доделувањето на Греми наградите, во кој отворено зборувала за потребата од подигнување на свеста за менталното здравје.

Гага освои Греми во категоријата најдобра поп изведба и најдобар дует „Shallow“ кој го изведува со Бредли Купер. Станува збор за насловната песна на филмот „Ѕвездата е родена“.

Како што рекла Гага, во филмот преовладуваат теми кои се однесуваат на менталното здравје, и дека е многу горда што е дел од оваа приказна.

„Тоа е многу важно. Многу уметници се борат со тоа и мораме да водиме сметка за другите. Затоа, доколку видите дека некој е ранлив, не си одете. Ако патите, дури и ако е тешко, обидете се да соберете храброст длабоко во себе и кажете некому за тоа“, порачала Лејди Гага.