Категории

Пилешка бајадера: Брз и вкусен ручек! (РЕЦЕПТ)

Доколку немате доволно време, овој рецепт одлично ќе се вклопи во вашиот распоред.

Состојки:

  • 2 филеа пилешко бело месо
  • 200 г кашкавал
  • 300 г суво месо
  • 1 павлака
  • 2 јајца
  • 3 чешниња лук
  • 5 лажици сенф

Подготовка:

1. Белото месо излупајте го и многу малку посолете го, наредете го на подмачкан плех.

2. Премачкајте го со сенф и добро изгмечеениот лук.

3. Преку сенфот изрендајте кашкавал.

4. Наредете го сувото месо, повторно премачкајте со сенф, сега наредете го кашкавалот.

5. Изматете ги јајцата и павлаката и прелијте ги преку кашкавалот.

6. Бајадерата печете ја 30 минути на 200°. Оставете да се олади и сечете како бајадера.

Прегледи:
784
Објавено на:
18.02.2019