Категории

Младиот Марко Пејчиноски доби награда на „Златна Бубамара“ испраќајќи силна порака за подигнување на свеста за ретките болести!

Публиката во салата „Борис Трајковски“ во Скопје синоќа на нозе му аплаудираше на 12-годишниот Марко Пејчиновски од Охрид кој доби „Златна бубамара“ за спортски подвиг.

Минатата година Марко направи вистински подвиг и со инфаркт на нозете исплива 30 километри во водите на Охридското Езеро, со што стана и најмладиот маратонец на кој тоа му успеа.

– Догодина имам нова цел. Ќе пливам за децата со ретки болести. Со ваша помош ќе успеам, порача Марко од сцената.

Манифестацијата „Златна бубамара“ е една од најпопуларните забавни манифестации во државата и е во организација на Радио Бубамара од Скопје.