Категории

Со музиката на Бах најбрзо до сон. Заспијте брзо и мирно!

Ако сакате брзо и лесно да заспиете, пред да одите во кревет слушајте музика од Јохан Себастијан Бах.

Истражувањето кое го спроведоа научници од два британски универзитети покажа дека токму таа музика највеќе делува на сонот и брзото заспивање. Во анкетата учествувале 650 личности кои одговарале на прашањето која музика највеќе им помага за полесно да заспијат. Класичната музика била најчест одговор, дури 31.96%, додека музиката на Бах била фаворит. На второ место била рок музиката со 10.82% и на трето поп музиката со 7.47%. Како најмалку популарна музика за заспивање бил наведен хеви металот. После Бах, титулата на популарност ја поделиле Ед Ширан и Моцарт.

Прегледи:
670
Објавено на:
17.03.2019