Секој посакува да го има еликсирот на младоста. Археолозите пронашле таков токму во Кина. Тие откриле бронзен сад стар 2 000 години во кој се наоѓала жолта течност, за која некогаш се верувало дека е „еликсир на младоста“.
Со оглед на тоа што овој сад е пронајден во гробница, очигледно е дека тој еликсир и не бил баш ефикасен. Шегата на страна, мистериозниот сад е пронајден во централниот дел на Кина. Пред да биде пронајден овој сад, на истиот локалитет биле пронајдени и глинени садови, бронзени артефакти, како и ламба. Жолтата течност која се наоѓа во садот, околу 3.5 литри, се состои од калциум нитрат и калиум алуминиум сулфат. Судејќи по се, според записите пронајдени на овој локалитет, токму оваа мешавина е сметана за еликсир на младоста. Без сомнеж овие состојки се токсични и нема да ја направат личноста бесмртна, ниту вечно млада и здрава.