Овој рецепт е совршен за да го направите зачинот во домашна варијанта кој ќе го употребувате во речиси секој оброк.
Состојки:
- 2 кг пиперки
- 1 кг моркови
- 1/2 кг корен од магдонос
- 1/2 кг кромид
- 1 корен од целер средна големина
- 750 гр сол
- 750 гр масло
Подготовка:
- Зеленчукот измијте го и исчистете го.
- Измелете го во машина за месо или во блендер.
- Во мелената маса додадете сол и масло и сето тоа добро промешајте го.
- Од оваа маса се добиваат 5 тегли зачин.
- Ставете го на ладно место по употреба. Нема потреба да додавате никакви конзерванси, бидејќи солта и маслото се доволни.