Категории

Среќен брак: 10 златни правила за вечна љубов!

„За успешен брак, потребно е да се заљубите повеќе пати, секогаш во истата личност“, своевремено изјавила Мињон Меклафин, американската новинарка и писателка. Да научиме како да бидеме среќни во бракот. Да бидеме вистински задоволни покрај саканата личност со која делиме сѐ.

Следните 10 мудрости можат да ни помогнат во тоа:

  1. Не дозволувајте никогаш да бидете лути во исто време.
  2. Не викајте еден на друг никогаш – освен ако во куќата не избие пожар.
  3. Препуштете му ја честа на партнерот да „победи“ во расправа кога и да се укаже прилика.
  4. И кога критикувате правете го тоа со љубов.
  5. Не ги оживувајте денес вчерашните грешки.
  6. Запоставете го целиот свет доколку морате, но не се запоставувајте еден со друг.
  7. Не легнувајте пред да го решите проблемот.
  8. Кажувајте и нешто убаво на љубовта на вашиот живот барем еднаш во денот.
  9. Кога ќе направите нешто лошо – признајте го тоа и побарајте прошка.
  10. Не заборавајте дека за танго се потребни двајца. Никој од вас никогаш не е единствениот кривец, како што ниеден од вас двајца не може секогаш да е во право.
Прегледи:
1039
Објавено на:
28.03.2019