Категории

Измешајте масло и боја од кесичка: Генијален трик за најубавите велигденски јајца!

Изминатите години мермерната и омбре бојата на јајца беа омилен избир на многу креативни дами, но оваа година познатата ТВ водителка и блогерка Марта Сјуарт се поигра со боите и направи нов тренд во украсувањето на велигденските јајца – овие јајца изгледаат како да се метализирани.

На прв поглед изработката на овие шари делува комплицирано, но трикот е во една магична намирница. Постапката на изработка на метализирани јајца почнува така што јајцата се премачкуваат со алкохолен оцет. Главниот трик е во тоа што во фарбата за јајца се додава лажичка маслиново масло кое се меша со бојата.

Кога маслото ќе исплива на површината и ќе се задржи за неа – тогаш ставете го јајцето во лажица и полека поминете го низ бојата. Меурчињата на маслото ќе ги заштитат од фарбата и ќе добиете преубава шара.

Офарбаните јајца оставете ги да се исушат, а потоа по желба со помош на стапчиња за уши обоената површина на јајцата премачкајте ја со сјајна боја.

Најдобар ефект ќе добиете доколку користите бели јајца, а деталната постапка погледнете ја во видеото.