Категории

Зајакнете го имунитетот: Направете домашен витамин Ц во прав!

Витаминот Ц најмногу го има во овошјето и во зеленчукот. Тој е значаен за човекот бидејќи неговиот внес влијае многу позитивно за здравјето. 

 

Многу луѓе обидувајќи се да ги задоволат потребите за овој витамин, посегнуваат по суплементите кои се вештачки извор на витамин Ц. Но, витаминот Ц може да се направи и во прав и тоа во домашни услови. Потребно ви е цитрусно овошје кое изобилува со овој витамин – лимон, портокал, мандарина. Излупете го овошјето и кората оставете ја да се исуши неколку дена.

По 3 дена, доколку кората пука при свиткување – доволно е сува. Ставете ја во блендер и ќе добиете прав. Добиениот витамин Ц можете да го додадете во храна, пијалок или да го помешате со мед. Највеќе витамин Ц е концентриран во самата кора на овошјето.

Рокот на траење на домашниот витамин во прав е до 3 месеци. Потребно е да се чува на темно и суво место.

Прегледи:
943
Објавено на:
12.04.2019