Фасцинантни филмски остварувања кои ќе ве воодушеват, шокираат, остават без текст или сето тоа одеднаш! Уживајте!
1. „Сѐ за мојата мајка“ (Todo sobre mi madre, 1999), Педро Алмодовар
Познат филм на уште попознатиот шпански режисер, Педро Алмодовар. Грчката изрека вели дека само онаа жена чии очи се испрани со солзи може јасно да гледа. Но, тоа не важи за Мануела. Онаа ноќ кога автомобил го прегазува нејзиниот син Естебан, Мануела плачеше додека солзите не и пресушија. И далеку од тоа дека гледаше јасно.
2. „Зборувај со неа“ (Hable con ella, 2002), Педро Алмодовар
Уште едно ремек-дело на Педро Алмодовар кое не смеете да го пропуштите. Овој филм го истражува пријателството на двајца мажи поврзани преку необичен сплет на околности.
3. Диви приказни (Relatos salvajes, 2014), Дамијан Сифрон
Ова е фантастично аргентинско филмско остварување црна омнибус комедија составена од шест приказни, кои ги напишал и режирал Дамјан Сифрон. Нееднаквост, неправда и потребите на светот во кој живееме предизвикуваат стрес и депресија кај многу луѓе. Некои од нив пукаат. Ова е филм за тие луѓе.
4. „Невидлив сведок“ (Contratiempo, 2016), Ориол Пауло
Прекрасен шпански трилер! Адријан Дориј, млад бизнисмен кој во филмот го глуми Марио Касас, еден ден се буди во хотелска соба покрај безживотното тело на својата љубовница. Бидејќи го обвинуваат за убиство, одлучува да ја ангажира Вирхинија Гудмен, најдобрата правничка за подготовка на сведоци во земјата.
5. Тајната во нивните очи (El secreto de sus ojos, 2009), Хуан Хозе Кампанеља
Аргентински крими трилер кој доживеа голем успех, како од страна на критичарите, така и кај публиката. Овој филм е еден од најгледаните аргентински филмови на сите времиња.
6. „Кучешка љубов“ (Amores perros, 2000), Алехандро Гонзалес Инхариту
Ова мексиканско филмско остварување беше номинирано за Оскар 2001. година во категоријата зза најдобар странски филм.
7. „Тело“ (El cuerpo, 2012), Ориол Пауло
Психолошки трилер со примеси на хорор. Телото на женска личност исчезнува од мртовечницата под мистериозни околности. Убиената жена била „заштитно лице“ на фармацевтската компанија.
8. „Кожата во која живеам“ (La piel que habito, 2011), Педро Алмодовар
Уште едно култно остварување на Алмодовар од 2011. година. Во овој филм Педро ги актуелизира современите теми како етичноста на трансплатацијата на кожата од животните на човекот низ приказот на докторот Роберт Ледгард.