Категории

Научниците откриваат: Зошто жените ги привлекуваат уметници?

Конечно е откриена причината зошто жените сакаат музичари, сликари, фотографи, актери. Едноставно, некои видови креативност се поатрактивни од други.

Новата студија на Универзитетот во Пенсилванија открила дека поубавиот пол смета дека една од најпривлечните работи кај мажот е креативноста.

Пишувањето музика, пеењето во бенд или било која поврзаност на музиката со мажот е еден од најатрактивните начини да ја изразите својата креативна страна.

Покрај музичката креативност, истражувањето исто така открило дека занимавањето со уметничка фотографија, пишувањето поезија и други уметнички изразувања на мажот се наоѓаат на високите позиции на женската листа на најатрактивни работи кај мажите.

Студијата исто така покажала дека проектирањето, компјутерското програмирање и пишувањето реклами, кои исто така се продуктивни професии, сепак се помалку привлечни за жените.

Научниците поврдуваат дека луѓето од целиот свет се сложуваат дека креативноста е неодолив квалитет, кој  ѐ привлекува кон спротивниот пол. Меѓутоа, момците кои се занимаваат со естетски форми на креативност (кои се базирани на било што кое имаа врска со уметноста и културата), се сметаат за поатрактивни од оние кои се занимаваат со утилитарни или технолошки видови на уметност.

Зошто? Истражувањата утврдиле дека во женскиот ум уметничката креативност се поврзува со интелигенција, работка етика и добри гени.

Интересно е тоа што доколку вашата девојка е во сферата на програмирањето, дизајнот на ентериер или други нетрадиционални облици на креативна експресија, повеќе ќе ја привлекуваат вашите способности во таа област.