Категории

Направете вкусен омлет со тиквици и спанаќ! (РЕЦЕПТ)

Омлет со тиквици и спанаќ кој се пече во рерна е одлична идеја за вкусен оброк.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 200 мл млеко
  • 1 тиквица
  • 6-8 стебленца спанаќ
  • 1 чешне лук
  • сол и бибер по вкус
  • масло

Подготовка:

Може да ја прилагодите количината на спанаќ и лук за омлетот по ваш вкус, а може и да ги замените тиквиците со модар патлиџан доколку повеќе ви се допаѓа тој вкус.

Вклучете ја рерната на 200 степени. Темелно изматете ги јајцата со млеко, додадете сол и бибер. Тиквиците исечкајте ги на тенки кругови и полека пржете ги на маслото, а потоа додадете го сечканиот лук и листовите од спанаќ. Преку тиквиците, лукот и спанаќот прелијте ја мешавината од јајца и печете во рерна 20-25 минути.

Прегледи:
745
Објавено на:
22.05.2019