Брз и вкусен оброк за сите љубтели на тестенини!
Состојки:
- 500 г макарони
- 1 л млеко
- 3 чаши јогурт
- 5 јајца
- 150 г младо сирење
- сол и бибер по вкус
Подготовка:
Макароните ставете ги во плех за печење. Во сад изматете јајца, додадете млеко, јогурт и сирење и по потреба зачинете. Истурете ја смесата преку макароните и промешајте.
Оставете да отстои еден час, со повремено мешање за макароните добро да го впијат преливот. Загрејте ја рерната и печете на 200 степени додека питата не зарумени.