Категории

Која е згодната девојка која го прекина финалето на ЛШ? (ФОТО)

Ова дефинитивно беше спортски викенд кој го одбележаа финалните натпревари во ракомет и фудбал во Лигата на шампионите. 

Во ракометот еуфоријата сѐ уште трае со оглед на тоа дека нашиот Вардар е европски шампион, но во финалниот натпревар во фудбал помеѓу Ливерпул и Тотенхем, најголемо внимание привлече згодната девојка која истрча на теренот!

Во тек беше 18. минута на финалето на Лигата на шампиони меѓу Ливерпул и Тотенхем кога мечот беше накратко прекинат поради упадот на навивач! И тоа полугола навивачка која само сакала да го покаже натписот на градите. Меѓутоа, играчите не можеа да не фрлат око на згодната блондинка на која буквално сѐ можеше да се види. И меѓуножјето и бујното деколте.

Според повеќе британски веб-сајтови се работи за рускиот модел за костими за капење, Кинси Волански, инаку девојка на познатиот руски „јутјубер“ Витали Здоровецкиј, попознат по неговиот канал со невкусни шеги „VitalyzdTV“,  и сајтот „Vitaly Uncensored“.

Токму овој сајт беше на градите на Волански кога таа истрча на теренот на „Ванда метрополитано“. Самиот Здоровецкиј има забрана за присуствување на големи спортски натпреварувања, поради повеќе обиди да се влезе на терен, вклучувајќи го излетувањето на финалето на СП во 2014 година.

Поради скандалот, Инстаграм одлучи да и го избрише профилот на оваа атрактивна девојка.