Доаѓа време за тага. Никој тука не е поштеден. Велат дека несреќата никогаш не доаѓа сама. Што треба да се сфати? Може да се учи и расте на лесен или тежок начин. Ако не се слушате себеси, својата интуиција, своето чувство од стомакот, лекциите се сѐ потешки.
Прво добивате опомена по носот, па лесен шамар, па огромен шамар. Ако и тогаш не го сфатите она што одбивате да го видите доаѓа ураган кој ќе ве срамни со земја. Тогаш сте присилени да погледнете. Да видите. Своите рани, тага, болка, патење. Кога ќе се зареди тагата, нашите стари рани сами се отвораат. Некогаш изгледа како никогаш да не престануваат да крварат.
Треба да бидете доволно упорни и да останете со нив. Тогаш започнуваат да заздравуваат, кога ќе им дадете внимание и ќе ги прифатите. Кога ќе го прифатите својот живот и себеси онакви какви што сте. Тогаш е вистинско време за одлуки кои се за ваше добро.
Кога некој или нешто ќе не повреди имаме тенденција да го затвориме своето срце. Да се заштитиме од болка. Каков парадокс. Затвореното срце е еднакво на мртов човек.
Тука имаме две можности: или да го скамениме или да го омекнеме срцето. Отвори го. Не е тешко кога ќе сфатиш дека самиот себеси си нанесуваш болка. Не дозволувај тие рани да те претворат во нешто што не си.