Во 23:47 часот на 25 јули 1978 година, се роди бебе со царски рез во болницата „Royal Oldham“ во Англија. Раѓањето беше слично како и многу други раѓања на бебиња низ светот: по 10 прсти на нозете и рацете, 2,5 килограми тежина, врескање – совршено новороденче. Нејзините родители ја нарекоа Луиз. Но, ова не е најинтересен дел за создавањето на Луиз. За тоа, треба да се вратиме на 12 ноември 1977 година, исто така, околу полноќ. Тогаш Луис Рај Браун беше зачната по пат на ин витро процедура.
Луиз беше првото бебе родено како резултат на ин витро оплодување, или IVF, процедура која ги спојува спермата и јајце клетката надвор од телото. Нејзиното раѓање беше најавено низ целиот свет, со наслови со кои наведуваа дека е родено првото бебе од епрувета. Некои од луѓето информацијата ја примија со возбуда, други пак, со страв и негативни коментари. Но, една работа беше сигурна: ова беше навистина почеток на една нова ера во начинот на создавање бебиња.
Приказната за првото успешно ИВФ оплодување започнува околу 1890 година, кога научникот Волтер Хејпе префрлил оплодена јајце од зајак од видот Ангор во друга раса и увидувајќи дека се родиле ангорски зајаци.
Научниците набргу почнале да експериментираат и со други животни пред да се префрлат на луѓе.
Фасцинантен извештај за раните денови, напишан од пионирот на ИВФ Симон Фишел во јулското издание на „Плодноста и Стерилноста“, раскажува некои живописни и шокантни аспекти на зачнувањето. На пример, ИВФ истражувачот Роберт Едвардс, кој ја освоил Нобеловата награда во 2010 година за својата работа, користел јајца меѓу лабораториите во Олдам и Кембриџ во сад врзан за неговото тело. И некои од раните експерименти вклучувале инсеминација на јајцата со сопствената сперма на истражувачите. Тоа довело до многу неуспеси: Повеќе од 300 жени имале отстранети јајце клетки, без успех пред Луиз да биде зачната.
Тогаш работите се сменија. На 9. ноември, Лесли Браун почна да овулира (природно, бидејќи истражувачите сѐ уште не користеа хормони за да ја стимулираат овулацијата кај жените). Следниот ден, истражувачите забележале дека нејзиниот лев јајник содржи еден фоликул. Заедно со течноста, тој фоликул беше аспириран и пренесен од медицинска сестра до друг истражувач, а потоа конечно до Едвардс, кој чекаше со микроскоп. Јајцето беше оплодено со сперматозоиди при што созреа во 8-клеточен ембрион. На полноќ на 12-ти, сѐ беше подготвено за судбинското ин витро во Лесли.
Денес, овој метод е многу успешен во помагањето на семејствата кои инаку не би можеле да имаат деца. И во целина, постапката има добра безбедносна стапка. Оваа постапка е причината поради која во денешно време се раѓаат милиони бебиња.